еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Делегација од Амбасадата на Франција, предводена од Н. Е. Амбасадорот Сирил Бомгартнер, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, информираат од компанијата.

Целта на посетата на високиот дипломатски претставник, чиј домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, е запознавање со резултатите од работењето на компанијата, производственото портфолио и со компаниските пласмани и активности.

Беа презентирани и континуираните инвестиции на „Алкалоид“ низ годините, идните развојни планови, како и големиот број активности и проекти во делот на заштитата на животната средина и на едукацијата, како и проекти за општествена одговорност, како едни од највисоките приоритети во деловната стратегија на компанијата.

Во фокусот на работната средба беа главните стратешки определби на компанијата – нагласената извозна ориентација и глобализацијата на брендот „Алкалоид“. Имајќи предвид дека над 65 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење се зајакнувањето на постојните и проширувањето на новите извозни позиции, велат од компанијата.

Освен со резултатите од работењето и со идните планови на „Алкалоид“, Амбасадорот Бомгартнер имаше можност одблизу да се запознае и со производствените капацитети на компанијата, со високото ниво на технолошка опременост во Институтот за истражување и развој, како и со стручниот кадар кој управува со процесите во сегментот фармација.

-Фaрмацевтскиот пазар во Франција следи строги регулативи, особено кога станува збор за лековите кои се на товар на јавното здравство и кои сочинуваат 30 % од вкупната потрошувачка на лекови на тој пазар. Високоразвиената француска фармацевтска индустрија учествува со околу 3 % во вкупното производство на лекови на глобално ниво. „Алкалоид“ има воспоставено долгогодишна успешна соработка со повеќе водечки француски фармацевтски компании, меѓу кои се и глобално познатите Sanofi Aventis, Sanofi Winthrop Industrie, Ethypharm, Saint Gobain и други.

Официјалната работна посета на францускиот амбасадор е од особено значење за компанијата и претставува одлична можност за продлабочување на досегашната соработка и за изнаоѓање нови форми на синергија меѓу „Алкалоид“ и француските фармацевтски компании, посочуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тринаесет земји-членки на ЕУ се против промена на Договорот за ЕУ

Редакција

(Фото) Османи честиташе Нова година со семејна фотографија

Редакција

Затворени пет угостителски објекти поради непочитување на протоколите за Ковид-19

Редакција