На листата на 100-те најбогати луѓе во регионот, која ја објави српскиот магазин „Недељник“ е и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.
Тој е на 38. место со проценето богатство од 651.330.600 евра.
Како што објаснуваат од неделникот рангирањето не покажува колку пари имаат бизнисмените на листата, туку колку вредат нивните компании (или акциите кои ги поседуваат, н.з.) и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денеска.
„Недељник“ ја направил листата во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза и водечки регионални медиуми, а засега онлајн ги објави 40. најбогати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Илија Гечев, единствен милијардер од Македонија на листата на српскиот магазин „Недељник“
Како што веќе објави еМагазин, на 18. место е сопственикот на „ИГМ трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев, кој е единствениот милјардер од Македонија.
Неговото богатство е проценето на 1.054.946.440 евра.
Останува следните денови да видиме кои други бизнисмени од Македонија ќе се најдат на листата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Андреја Јосифовски на 45. место на листата на најбогатите во регионот
Имотот на петте најбогати Македонци изнесува 23,9% од македонскиот БДП, пресмета српски „Недељник“
Кој е Илија Гечев, единствениот милјардер од Македонија на листата на најбогатите во регионов
Фото: Алкалоид