Политичкиот проект „Продолжуваме со промената“, основан во септември годинава, е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија, а зад истиот стојат двајца поранешни министри од актуелната политичка влада, Кирил Петков и Асен Василев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Кирил Петков
Како што стојат моментално работите, Петков, најверојатно прв ќе го добие мандатот од бугарскиот претседател за составување на нова влада. Тој неможе сам да формира влада, па затоа ќе му требаат неколку коалциони партнери.
Бугарските експерти веруваат дека овојпат Бугарија ќе успее да формира влада.
Петков, кој ги освои симпатиите на бугарските граѓани, но и на македонската јавност со неговите изјави за решавање на спорот помеѓу двете земји, според податоци кои можат да се најдат на бугарската верзија на Википедија е роден во април 1980 година во Пловдив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детството го поминал во Софија, каде што неговите родители биле учители.
Во Софија завршил гимназија, а потоа живеел со родителите во Ванкувер, Канада.
Има диплома по финансии на Универзитетот на Британска Колумбија во Ванкувер и е магистер по бизнис администрација на Универзитетот Харвард, каде што е рангиран во првите 10% од неговата класа.
Оженет е и има три ќерки.
Политичка кариера
Од мај до септември 2021 година беше министер за економија во техничката влада на Стефан Јанев. Во септември годинава станува еден од основачите на политичкиот проект „Продолжуваме со промената“ и е носител на изборните листи.
Кариера
Тој е економист и претпреимач.
Петков е еден од основачите на Центарот за економски стратегии и конкурентност на софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, поврзан со Универзитетот Харвард, каде што предава курсеви за „Економски развој“ и „Микроекономија на конкурентноста“.
Работи за канадската компанија за замрзната храна, McCain Foods.
Тој развива иновативни проекти со висока додадена вредност и неговата компанија, Proviotic, поседува неколку патенти за биотехнологија во САД.
Во 2018 година, Петков го основаше Центарот за применети истражувања и иновации во природните науки (CASI) на Биолошкиот факултет на софискиот Универзитет. Центарот е отворен за студенти кои имаат магистерски студии по биологија, микробиологија, молекуларна биологија, хемија, фармација, биотехнологија.
Фото: Фејсбук/Петков