еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Кривичен ја објави повратницата од доставата за спровод на Мијалков од затворот во Струга

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на главната расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведена датата 22.12.2022 година, што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението, информираат од Основниот кривиче суд во Скопје, во однос на вчерашната одложена расправа за предметот „Титаник 2 “ и неспроводувањето на Сашо Мијалков, еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неспроведувањето на Мијалков е техничка грешка на Кривичен, тврдат од затворот во Струга

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

-Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година (кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата), па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна.

Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пак пропусти за Мијалков, може да се спаси и од судењето за „Титаник 2„

„Уште фали Мијалков да го вратат директор у УБК“: Твитер реакции за укинувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Настава без мобилни телефони и во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“

Редакција

СЈО ќе поднесе жалба за пресудата за Латас и неговите браќа

Редакција

Русија: Решението за спорот за името треба да е прифатливо и за двете страни

Редакција