Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ на студентите на Машинскиот факултет -Скопје: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12. по ред меѓународна изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019 година, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO собра неколку награди: Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан, информираат од Факултетот на нивната Фејсбук страна.
Фото: Машински факултет