еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Матеа Христовска освои титула за најдобро тело на World Next Top Model 2023 во Бејрут

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023.

Нашата држава ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело – Miss Best Body, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, односно World Next Top Model за 2023 година е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.

Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.

Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут.

Фото: Мики Црнокрак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Редакција

Белгиец разоткрил македонска мрежа на креатори на лажни вести зад која стои припадник на АРМ

Редакција

(ВИДЕО) Објавен спотот за „Одиме на Европско“, химната за Европско првенство во фудбал

Редакција