Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ретко објавува фотографии од приватни моменти, но денеска направи исклучок па на неговиот Фејсбук-профил објави фотографии од докторирањето на неговата сестра Ивана.
„Ивана денес ја одбрани докторската дисертација на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и стана доктор по фармацевтски науки. Честитки до менторот и тимот професори кои несебично ја водеа низ процесот. Сестро, многу успеси на професионален и приватен план од срце ти посакувам,“ напиша Мицоски.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук/Мицкоски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.