Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето подготвивме низа на нови фотографии и модни инспирации за сите жени од брендот Mango.
Најпрактично парче облека за ова лето е комбинезонот! Совршен за секоја девојка, за дневни и ноќни излегувања, кои ќе ве направат да изгледате повисоко и ќе ја истакнат вашата фигура.
Освен што изгледаат тренди, комбинезоните се и многу практични! Со изборот на оваа неутрална боја на Mango ленениот комбинезон секогаш ќе имате простор за повеќе комбинации со помош на модните додатоци. Изгледот на Каролина совршено е надополнет со сламен шешир, обетки, чанта и ниски сандали со впечатливи детали.
Романтичниот, природен и женствен изглед на Каролина во целосниот Mango изглед е направен и фотографиран на различни локации во прекрасниот Охрид.
Mango и Каролина ја имаат совршената модна комбинација за ова лето!
Сите производи можете да ги видите или нарачате преку Fashion group онлајн странацата: e-shop.fashiongroup.com.mk.
Само мал дел од првиот сет на фотографии инспирација за ова лето.
Фотографија: Ани/Дими
Шминка и фризура: Зорица Николва
Стајлинг: Алмир Мили
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА