еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Налепници со кои се промовираат бугарски шовинистички ставови низ центарот на Охрид

Низ центарот на Охрид може да се забележат налепници со кои се промовираат бугарски шовинистички ставови, а кои се присутни на истите места каде што има налепници со домашна политичка пропаганда, објави агенцијата Мета.

За дел од нив евидентно е дека некој се обидел да ги отстрани со гребење, додека многу стојат негибнати.

Еден вид вакви налепници содржат наводни цитати од историски личности. На една од нив стои текстот на бугарски јазик: „Предавниците на татковината не заслужуваат милост“ (во оригинал: „Предателите на Отечеството не заслужават милост”), припишан на политичарот Стефан Стамболов (1854-1995), кој своевремено бил министер и претседател на народното собрание на Кнежевството Бугарија.

На другата таква налепница има фотографија во униформа од бугарскиот полковник Борис Дрангов (1872-1917) со текст на бугарски јазик: „Од сите славни дела со коишто може да се гордее човек, ниту едно не може да се спореди со смртта за Татковината“ (во оригинал: „От всички славни дела с които може да се гордее човек, няма равно по величието си смъртта за Отечеството“).

Друг вид налепници што може да се забележат по охридските улици се со слика на рака што држи пиштол вперен во читателот и текст на бугарски јазик „Бугарија не умира туку ја убиваат, а луѓето што ја убиваат имаат имиња и адреси“ („България не умира, а е убивана – хората, които я убиват, имат имена и адреси“).

Ваквата заканувачка комбинација на ширење страв од умирачка на земјата и закана со правење списоци на неистомислениците е широко раширена низ Бугарија последнава деценија. Така на пример, случаи на лепење исти вакви налепници се забележани 2018 година во Пловдив.

Дел од овие налепници се присутни на исти места каде што биле залепени и налепници со кои се рекламира бугарската ултранационалистичка политичка партија Бугарски национален сојуз со слика на топ и споменик, проследена со текст на бугарски јазик: „Татковината умира само тогаш кога ќе исчезне од срцата на своите синови“ (во оригинал: „Отечеството загива само тогава, когато изчезне от сърцата на синовете си“).

На централните орхидски туристички улици може да се забележат и налепници со кои се промовира неонацистичкиот собир „Луков марш“ (на бугарски Луковмарш), кој се одржува еднаш годишно во Софија во текот на февруари.

Контроверзниот настан е предмет на барања за забрани од организации за заштита на човекови права како Бугарскиот хелсиншки комитет и Светскиот еврејски конгрес, бидејќи е во чест на бугарскиот генерал Христо Луков (1887-1943), лидер на пронацистичката и профашистичка организација Сојуз на бугарските национални легиони која била активна пред и во текот на Втората светска војна.

Во 2021 година пратеникот од ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, Луков го нарече „херој на војните за бугарско национално обединување“.

Дизајнот на налепниците со кои низ Охрид се рекламира „Луков марш“ е ист како на производи како маички кои се продаваат на веб-сајтот на гореспоменатата ултранационалистичката политичка партија Бугарски национален сојуз.

На маршот кој се одржува и наспроти забраните, покрај бугарски ултранационалисти учествуваат и претставници на неонацистички и антисемитистички организации од цела Европа.

Фото: Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Се прават проекции за нови болнички капацитети за есенските месеци

Редакција

Од ДУИ не исклучуваат предвремени избори, од СДСМ најавуваат наскоро обелоденување на одлуката

Редакција

МОН ќе добие тужба оти фалат дури 43 учебници

Редакција