еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Невидена убавина на езерото Локув во Маврово

Прекрасни фотографии од птичја перспектива на ледничко езеро Локув објави на својот Фејсбук профил Националниот парк Маврово.

Ледничкото езеро Локув е најниското глацијално езеро во Р.Македонија и според неговата местоположба претставува една вистинска туристичка атракција.

Сместено во прегратките на Дешат планина на висина од околу 1568 м.н.в. е гордост на локалното население кое во негова близина има поставено неколку клупи за одмор, бачило, чешма со природна ладна вода за пиење и сл.

До локалитетот се стигнува со пешачење во должина од 8 километри низ планина со обележани планинарски патеки.

Има услови за тргнување од две локации и тоа од с. Битуше кај поранешната караула и с. Требиште. Постои можност да се изнајмат и коњи, а патеката е средно тешка и скоро преку целиот нејзин тек е прекриена со убава шума и ладовини.

Патеката изобилува и со видиковци од кои убаво се гледа кањонот на реката Радика, манастирот св Јован Бигорски и други пејсажи. На самиот локалитет може да се ужива во прекрасниот изглед на ова малку познато и уште неоткриено(од страна на туристи) езеро во кое опстануваат неколку интересни форми на живот од кои најпознат е “Тритонот„, водоземец кој наликува на риба и жаба.

Во близина на езерото е лоцирано и едно бачило во кое може да се проба тазе сирење попознато како Требишко сирење, и други млечни производи од ова поднебје. Интересно е што водата во езерото за време на летниот период е доста топла, а оние туристи кои го посетуваат местото имаат можност да уживаат во водите на една ретка планинска плажа.

Околу езерото има идеални места за излет, кампување и одмор во планина.

Во близина на езерото на околу 30 до 40 минути пешачење можат да се посетат и неколкуте “планински очи„ (езерца со чиста бистра вода распослани на падините на планината).

Исто така на овие места можат да се соберат голем број на чаеви и други растенија кои можат да се употребат за подготвување на природни лекови, а како најпознато растение кое има совршен природен вкус и го има во големи количини е и боровинка (ја има во повисоките делови од планината).

Доколку тргнете од патеката од с. Битуше, може да ја посетите и првата партизанска печатница во центарот на селото.

При последните биолошки истражувања на водата и околината на езерото, од страна на италијанските експерти се пронајдени повеќе специфични водови на растенија и инсекти што го прават овој локалитет посебно значаен.

Текст/Фото: Национален парк Маврово/Екрем Веапи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто “исчезнаа“ податоците за заболени со Ковид-19 по скопските општини и други податоци за коронавирусот

Редакција

Вкупно 11.422 лица се заразиле со Ковид-19 по вторпат, 19 од нив починале

Редакција

Викенд со полн интензитет на 15. издание на „МакеДокс“

Редакција