еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Од здружението „Иван Михајлов“ благодарни на Османи, од Пендаровски бараат и Бугарите да влезат во Уставот

Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола испрати отворено писмо до македонскиот претседател Стево Пендаровски во кое бараат и Бугарите во Македонија да влезат во македонскиот Устав, а го прашуваат претседателот и кога ќе ги отвори архивите на УДБА во Македонија и кога ќе побара да бидат отворени “југословенските окупациски документи поврзани со репресиите и мачењата на македонските Бугари од крвавиот Божиќ во 1945 година, па наваму“.

Од истото здружение неодамна му пишаа и на бугарскиот претседател Румен Радев, по што тој бараше специјалните бугарски служби да проверат дали се почитуваат правата на Бугарите во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

“Како претседател на Македонија имате долг кон сите граѓани на оваа држава, вклучувајќи ги и македонските Бугари, кои ја сочуваа својата националност, наспроти децениските репресии и притисоци“, се вели меѓудругото во писмото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски контра Османи, не гледа потреба од промена на Уставот за да Бугарите влезат во Преамбулата

Ние го плаќаме Османи или Бугарите?

Во писмото се изразува и благодарност до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој како што изјави неодамна не гледа никаков проблем и Бугарите во Македонија да влезат во Уставот.

Фото: Кабинет на претседателот/„Иван Михајлов“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев се „отвори“ како сведок на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

Редакција

Убава вест: Оздравени 298 болни од Ковид-19

Редакција

Државна ревизија: За ублажување на последиците од здравствената и енергетската криза исплатени 183 милиони евра

Редакција