Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук-профил соопшти дека се воведуваат нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на корона вирусот.
„Денеска спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар.
Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, како би се овозможило спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните.
Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот.
Продолжуваме интензивно и наредните денови. Оваа мерка ќе биде активна додека траат мерките и препораките од Владата на РСМ“, напиша Богдановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Градоначалникот и дел од вработените на општина Центар работат од дома
Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа
Владата одлучи: За Велигден полициски час од петок до вторник