Крива Река и Киселичка Река се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Т’лминци со над дваесетина жители е отсечено.
Општина Крива Паланка повика на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река.
– Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од Општината се на терен, се превземаат сите мерки, целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми, кои се одзваа на повикот на градоначалникот, е на терен.
Состојбата е под контрола, повикуваме сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните каде што има појава на свлечишта.
Да не се користат пешачките мостови, а т.н. „Осички мост” е затворен за сообраќај, информираше службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Дојде до поголемо излевање на повеќе долови, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река.
Водите на Крива Река однесоа повеќе пешачки мостови кај Пашина Воденица, а т.н. Карчов Мост, спроти градскиот пазар, е залеан во коритото на реката.
МИА/Фото: МИА