еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Ветер однесе малолетници во чамец од Охрид кон Албанија, полицијата ги спаси кај Струга

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека припадници на полицијата и членови на веслачкиот клуб „Црн Дрим“ Струга го пронашле чамецот со малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот кај „Женска Плажа“ во водите на Охридското Езеро.

Со службен пловен објект малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото.

-Денеска во 09.35 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од веслачки клуб „Црн Дрим“ од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа“, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија, информираат од од МВР.

Според пријавеното, членови на веслачкиот клуб се доближиле до чамецот, но поради силниот ветер не можеле да го извлечат на брегот.

По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ и членови на веслачкиот клуб го пронашле чамецот на еден километар наспроти хотел „Изгрев“ во Струга, по што со службен пловен објект чамецот со малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Куманово и Прилеп повеќе заболени од коронавирусот на 100 илјади жители, отколку во Дебар

Редакција

На Попова Шапка снежна покривка од 31 сантиметар

Редакција

Засега нема прекин на штрајкот: Попладне можна средба на СОНК со Владата за конечена одлука дали децата од утре ќе почнат со училиште

Редакција