еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Тирана со лет на „Ер Албанија“ пристигнаа првите македонски државјани од Израел

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР) соопшти дека синоќа пристигнал првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето на воена состојба.

– Авионот „Ер Албанија“ со 40 патници, меѓу кои и државјани од земјите од регионот како Косово, Северна Македонија, потпомогнат од Министерството за Европа и надворешни работи, Министерството за инфраструктура и енергетика и албанската амбасада во Израел слета на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ пред малку,  се појаснува во соопштението.

Патниците беа дочекани и поздравени од министерот Игли Хасани.

Од Министерството додаваат дека во наредните денови ќе има повеќе специјални летови за Тел Авив, во координација со министерствата на земјите од регионот да им помогнат на сите граѓани кои сакаат да се вратат во своите земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега 20 македонски државјани го напуштиле Израел, а ги има околу 200

МИА/Фото: МЕНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Дали Вучиќ му помогнал на Груевски, прашуваат две српски партии

Редакција

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот продолжува на 17 октомври

Редакција