еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Вучиќ и Брнабиќ го прошетаа Ковачевски покрај Сава во Белград

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ ја започна својата официјална посета на Белград со прошетка на шеталиштето покрај Сава во Белград.

-Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји, како и визијата за иднината на Западен Балкан, напиша Ковачевски на својот профил на Фејсбук.

Српскиот претседател Вучиќ на Инстаграм објави фотографија од прошетката и напиша дека со гордост му покажува на премиерот Ковачевски колку се изградил Белград.

-Велат дека за време на добра прошетка се смислуваат најдобри планови и се водат најпријатни разговори. Додека со гордост му покажувам на пријателот Димитар Ковачевски колку се изградил Белград, разменуваме мислења за проширување на иницијативите „Отворен Балкан“, „Патот на ЕУ кон нашиот регион“, позицијата и перспективите на Западен Балкан на геополитичката мапа на Европа и светот, но и за плановите за претстојните средби и новите проекти за поврзување, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Премиерот Димитар Ковачевски е во официјална посета на Србија и ја предводи македонската делегација во која се неколку министри. За време на посетата утре ќе бидат потпишани три меморандуми за соработка.

Фото: Ковачевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

Редакција

Има само „Форд фиеста“ и кредит: Каков имот пријавил разрешениот Хазби Лика

Редакција

Нови 476 случаи на Ковид-19 од 3.145 тестирања, бројката на активни е 8.455

Редакција