еМагазин
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Запознајте ги супер хероите од скопската Зоолошка градина

Зоолошка градина од ден на ден го менува својот лик, а забележително е што многу често има принови од животните што секако е знак дека тие се чувствуваат како дома. Голем придонес за ваквите позитивни промени има тимот што се грижи за животните.

По повод Светската национална недела на ЗОО негователи тие беа прогласени за супер херои на скопската Зоолошка градина.

„Ова се нашите супер херои. Тие се семејство на животните за кои се грижат. Понекогаш и по 24 часа ги чуваат како свои деца – на сонце, на дожд, на студ, на пеколни горештини. Тие им се и мајка и татко, пријатели, браќа, чувари, другари, доктори, чистачи, бејбиситери, хаус мајстори, градежници, готвачи па дури и обезбедување.

Луѓето кои ги сакаат животните се скапоценост. Да ги чествуваме и да се заблагодариме на нивната посветеност“, напишаа од Скопје ЗОО на нивната Фејсбук страница.

Фото: Фејсбук/Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хаварија во велешки „Благој Ѓорев“, мазут заврши во Вардар

Редакција

Мендух Тачи и ДПА не се повеќе дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Редакција

(Видео) Кои земји од втората полуфинална вечер одат во финалето на Евровизија

Редакција