еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Знамето на НАТО кренато пред Влада

Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении да се вративме на главниот автопат кон Европа. Во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојувањето на државата во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, истакна премиерот Зоран Заев на свечената церемонија на која беше кренато знамето на НАТО пред зградата на Владата.

– Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата туку и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја, рече Заев.

Оцени дека државата е на вистински пат кон прогрес и непречен развој и додаде дека иднината веќе не ни е судбина, туку судбината ја земаме во свои раце.

Им се заблагодари на првиот претседател на државата и врховен командант на вооружените сили Киро Глигоров, на прерано загинатиот претседател Борис Трајковски, на Парламентот и пратениците, како и на сите институции на системот за остварувањето на најзначајната стратешка цел на државата, а благодарност упати и до медијаторот Метју Нимиц, до меѓународната заедница, до грчкиот министер за надворешни работи, како и до грчкиот премиер Алексис Ципрас за визионерството и храброста да се најде решение за еден, како што рече, за многумина нерешлив проблем.

– Ние со својата мирољубива политика ќе докажеме дека членството во НАТО е најдоброто решение за стабилноста на земјата и за стабилноста на регионот. Сакаме да бидеме пријатели не само со членки на НАТО и ЕУ, туку со сите соседи и сите големи сили, нагласи Заев.

Порача дека без оглед што станува збор за настан од историско значање, сепак газиме цврсто на земја и оти нема повеќе место за еуфорија.

– Да бидеме успешни и да ги забрзаме историските процеси, со истата истрајност како за Договорот од Преспа. Сите да се посветиме на членството во ЕУ. Тоа значи да ги средиме односите во нашиот дом, во нашето семејство, во нашата татковина, да функционираме како систем и како општество.

Правда и нула толеранција за корупцијата. Во институциите нема место за оние кои со своето работење ја изневеруваат довербата за лични интереси и привилегии, корупираните ќе се соочат со одговорност, поткуп, личните интереси и привилегии нема да бидат начин на кој се води бизнисот во нашата земја. Секој мора да ги следи правилата, порача Заев.

На свечената церемонија присуствуваа министри во Владата, поранешни премиери, претставници на дипломатскиот кор, воени аташеа и претставници на други државни институции.

Не присуствуваше актуелниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, како и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

МИА/Фото: Фејсбук/Шекеринска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Црвенковски, Ахмети, Иванов и Мицкоски не беа на подигнувањето на знамето на НАТО пред Влада

Иванов ја добил поканата откако завршила церемонијата за подигање на знамето на НАТО

Врховниот командант на АРМ, претседателот Иванов не беше на церемонијата за подигање на знамето на НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки-13 бара вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет, заради кршење на човекови права

Редакција

(Фото) Бројот на Бугари во Македонија се дуплирал и е највисок откако се попишува населението

Редакција

ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

Редакција