Моника Бабишова (44), сопругата на чешкиот претседател, Андреј Бабиш, кој беше во посета на земјава е секогаш во центарот на вниманието, а медиумите ја обожаваат.
Има и зошто. Таа изгледа прекрасно, важи за една од најубавите претседателски сопруги и е модна икона.
Со Бабиш се заедно околу дваесетина години и имаат две деца. Речиси секогаш се појавува со својот сопруг на јавни настапи, а активна е и на Инстаграм.
Со претседателот на Чешка се запознала кога работела за него.
Бабиш пак медиумите го нарекуваат „чешкиот Трамп“, поради неговото богатство кое се проценува на 4.1 милијарди долари. Во негова сопственост се два весника, најголемото радио во Чешка и ресторан со „Мишелин“ ѕвезда.
Моника која е 20 години помлада од него е втората причина зошто го споредуваат со американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во брак со помладата Меланија.
Фото: Инстаграм/Бабишова.