Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Х.(27) од Гостивар за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, информира МВР.
Во периодот од 2010 до 2018 година, пријавениот, без претходна согласност, презел фотографии на 28 годишно женско лице од село Вранешница, кичевско, поставени на социјалната мрежа “Facebook”, и истите ги употребил за креирање на лажни профили на повеќе социјални мрежи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.