еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Франција ќе понуди посредување меѓу Софија и Скопје, најави француската амбасадорка во Бугарија

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, изјави дека за нејзината земја прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година, Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје.

На овој начин, како што вели во изјавата за радио Дарик, ќе може да се реши спорот меѓу двете земји и ќе се потврди европската определба на Париз.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според амбасадорката Робин, Западен Балкан е дел од Европа и е прашање на безбедност регионот да биде вклучен повеќе во политиките на ЕУ, економскиот развој и размената воопшто. Амбицијата на Франција е да ја потврди својата европска посветеност кон Западен Балкан, а особено кон Северна Македонија и Албанија.

Флоренс Робин изјави дека има спорови меѓу соседните земји, и изрази уверување дека со добра волја и преку дискусии и промовирање на почитувањето на граѓанските права и почитувањето на малцинствата, тие ќе може да одговорат на овие предизвици.

Според неа, навистина е важна стабилноста и одржувањето на добри односи, а „со разбирање и слушање, работите може да се средат“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонреден инспекциски надзор во Собранието: Ковид-мерките се почитуваат, нема неправилности

Редакција

Убиената жена од Кочани, подолг период била уценувана со компромитирачки фотографии и видеа

Редакција

Фирмата која се поврзува со аудито кое го користел Груби, со еден вработен, лани свртела 4,2 милиони евра, објави 360 степени

Редакција