Во пресрет на новогодишните празници, тимот за спасување на планина на Црвен крст на Град Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар, на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, организираа показна вежба при што им поделија пакетчиња на децата.
„Членови од Тимот маскирани во Дедо Мразовци, се спуштаа по јаже и им делеа подароци на децата хоспитализирани во двете клиники.Вежбата се реализираше во соработка со Општина Центар и Бугарската амбасада во РМ“, информираат од Црвен крст на нивната фејсбук-страница.
Фото: Фејсбук-страница на Црвен Крст на Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.