еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео/Галерија) „Дерма Бела“ – нова уметничка приказна на Рузвелтова

Повеќе од 25 години водечки во естетската медицина и козметологија, претставници на најпознатите светски козметички брендови и единствени во допринесување за развој на науката кога е во прашање негата на лицето и телото.

„Дерма Бела“ веќе е препознатлив симбол за женската убавина, а др. Весна Ѓорѓиеска е прва во Македонија која го создаде спојот помеѓу медицината и козметологијата.

Центарот за естетика и козметологија, Дерма Бела, од вчера циркулира во нова уметничка приказна на ул. Франклин Рузвелт бр.1, Скопје. Дерма Бела, од бело сликарско платно се претвори во нов модерен изглед со нова димензија.

Место каде што постои баланс помеѓу ладниот мермер и топлата златна боја, помеѓу меките ткаенини и металните прегради, помеѓу ѕидовите и отворот кон светлината, помеѓу класичните детали и модерните линии.

Новиот простор нуди луксуз и креативност со добра причина. Тој е еклетична игра – комбинација на мотиви, материјали и бои. Преку внимателно избрани детали и парчиња, просторот нуди баланс во миксот помеѓу видливо и скриено, ладно и топло, класично и модерно, меко и круто, сјај и мат.

Новиот изглед на Дерма Бела создаде еден поинаков гламур, кој создава елегантна, а сепак комфорна и релаксирана атмосфера. Амбиентот има своја душа која креира задоволство кај секој клиент. Отворањето на новиот простор беше одбележан со коктел забава за лојалните клиенти и
пријатели на центарот.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција

НЛБ Банка, една година патронство над пациентите со цистична фиброза

Редакција

(Фото) НЛБ Галерија: Изложба на фотографии од небото над Крушево полно со змејови

Редакција