Викендот, 15. и 16. ноември 2019 година во Капитол мол се одржа третото издание на Дерма фест, овојпат поддржано од центарот за козметика и естетика Дерма Бела.
Самиот настан полека и сигурно прераснува во традиција која им овозможува на лицата од секоја возраст да се запознаат со методите за убавина и здравје на кожата.
Оваа година на настанот имаше After Work at Derma Fest поддржан од 4 Bowling, Derma Bella совети со доктор Весна Ѓорѓиеска и Биолошки Рефреш третман на лице, Ајурведски третмани со Фондација Art of Living и Горан Поповски, креативна работилница за деца на тема „Преку здрава храна до здрав живот“ со Кидс Парк, совети со доктор Весна Ѓорѓиеска и третмани на лице и кожа, “Ајуверда суплементи и третмани” со Горан Поповски и Фондација Art of Living, Make up туторијали со Еликсир ексклузив, BIOXSINE и BIOPLAST брендовите, секогаш тука за вас со производите за силна и здрава коса, ДМ Дрогериите со милион изненадувања за сите посетители, австралискиот бренд MAROCCANTAN со совети како до темен тен во есен и зима, и уште многу бесплатни третмани за лице, тестирање на производи за нега на кожа (лице, тело и сл.), претставување на производи и многу подароци и изнанадувања за сите присутни на настанот.
Организаторот, Капитол мол, верен на својот збор и мотивиран од заинтересираноста на присутните повторно реализираше активности кои имаат позитивно влијание врз начинот на живеење во ова модерно општество.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА