еМагазин во Кемер, во соработка со Фибула травел
Чартерот од Скопје за Анталија, на 10 мај беше полн. Хотелите во нашата прва дестинација за посета – Кемер, полека се полнат со гости од традиционалните пазари, а туристите од Русија и Украина, ги заменуваат Германците. Понуда има за сечиј вкус и џеб, почнувајќи од аранмажни од 800 евра па нагоре.
Турците очекуваат добра туристичка сезона, и покрај зголемувањето на цените поради енергетската криза. Немаат проблем со недостаток на персонал во туристичкиот сектор.
Во Анталија, работат голем број работници кои се од подрачјата кои беа зафатени со катастрофалниот земјотрес. Хотелите ги отвориле вратите за нив за да бидат згрижени, и по престојот, голем дел од нив останале да работат.
Трендот е во насока на отворање на нови хотели, а кризата не затворила ниту еден.
Условите за работа во туристичкиот сектор се менуваат, но турската гостопримливост останува. Во секој од хотелите кои што ги посетивме, не пречекаа насмеани лица, а бевме услужени од работлив и вреден персонал.
Она што е заедничко за сите нив е што сите се на база на ултра all inclusivе, но сепак има разлики во нијанси, кои влијаат и врз цената. Истото влијае и на личното субјективно чувство на пријатност во хотелот во кој што се престојува.
Во Кемер посетивме осум хотели, а за секој од нив, подетално можете да прочитате на линковите подолу.
Кемер за разлика од другите места како на пример Белек, Сиде се одликува со повеќе зеленило и планинско опкружување и е вистинска дестинација за оние кои сакаат малку повеќе природа. Плажите се песочно-каменести (ситни камчиња), водата на морето е чиста.
Фаворити на еМагазин од Кемер се Mirage Park resort (изобилство на барови), Seven Seas (одличен за со деца, бидејќи има бројни анимации за нив), Gypsophila club Marine (преточен во природата), Akka Antedon (со прекрасно уредено зеленило и надворешни базени, сопствено производство на кафе).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Хотелите во Лара, Анталија „вриштат“ од луксуз и ги задоволуваат и најприбирливите гости
(Галерија) Постојат хотели во Белек и постои Land of Legends
(Галерија) Хотелите во Сиде се најпродавани, нудат се што е потребнo за едно просечно семејство
Фото: еМагазин.мк