еМагазин во Анталија, во соработка со Фибула травел
По напуштањето на Кемер, следни хотели кои ги посетивме, а кои се во понудата на Фубула травел, се оние во Лара во Анталија. Во оваа област се сконцентрирани најголем број од луксузните хотели на брегот на Средоземното море, кој во овој дел на Турција е со должина од 430 километри.
Хотелите кои се со пет ѕвезди и се на база на ultra all inclusive се со врвна понуда и услуга, со различни содржини, кои ги задоволуваат вкусовите и на најпребирливите туристи.
Луксузните соби се со поглед од „милион долари“. Нудат комодитет, располагаат со џакузи на терасите со поглед кон море и ги нудат сите удобности за она што се плаќа (value for money).
Она што е вредно да се истакне за нив е чувството на безбедност, бидејќи гостите се надгледувани под будното око на безбедносните служби кои во цивилка, нема ниту да ги забележите.
Секој од хотелите има различна понуда, но за сите нив заедничко е квалитетот на храната и изобилието од типот „има од пиле млеко“. Интересно да се истакне е што најголем број од сопствениците на хотелите поседуваат и земјиште на кое се одгледува овошје и зеленчук, за потребите на туристите. Храната е свежа, бидејќи е произведена локално. Во Анталија, освен од туризмот, луѓето живеат и од земјоделие. Она што ќе остане како вишок производство, се извезува на Балканот и во Европа.
Значајно да се истакне за областа Лара е што е на половина час од аеродромот во Анталија, па многу бргу по пристигнувањето се сместувате во хотелите, по што одморот може да почне.
Плажите се песочни, морето, за разлика од Кемер кој што е залив, е отворено, затоа и неретко брановито. Секој од хотелите има по неколку базени, а голем дел од нив се со морска вода.
Фаворит на еМагазин од она што го посетивме во Анталија е Royal Segiuns, ходниците во хотелот даваат чувство како да се движите на палуба на брод, а висечките ѕвезди, кои се лустери на хотелот, кога ќе ви погледнете одоздола нагоре изгледаат на вселенски летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин во Кемер, Турција: Топ хотели за сечиј вкус и џеб
Фото: еМагазин.мк