еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како изгледа центарот на МВР во Прилеп за чување податоците при терористички напад

Специјализираната веб страница за архитектура од Србија gradnja.rs објави фотографии од паралелната база за заштита на податоци на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во овој објект ќе се чуваат податоците на МВР за да бидат заштитени од терористички напади или природна катастрофа.

Објектот се наоѓа на 2,5 километри од центарот на Прилеп и е поделен на два дела, кружен прстен за сместување на техничка опрема и инсталации и просторија за централно јадро на серверот за сместување на 120 рек единици.

Кружниот прстен е исполнет со простории за машински и инсталации (простории за гас и хвац), електрични и телекомуникациски инсталации, вклучувајќи ја и просторијата на давателот на услуги.

Остатокот од просторот во објектот е за сместување на вработени (мрежни техничари, оператори, безбедност).

Тој се протега на површина од 1.307 квадратни метри.

Фото: gradnja.rs

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министрите за надворешни на Австрија, Чешка и Словачка денеска во Скопје

Редакција

Судскиот совет ќе распише нов оглас за судии за пополнување испразнети места во судовите низ државава 

Редакција

Оштетени и уништени спомен плочите за убиените бранители кај Вејце

Редакција