Реномираниот хотел „DoubleTree by Hilton Skopje”, кој се отвори на 1 јануари годинава, располага со 170 соби, меѓу кои има 15 луксузни апартмани, од кои еден е претседателски и се простира на 200 метри квадратни.
„еМагазин“ имаше можност да влезе во претседателскиот апартман кој е еден од најбараните, иако една вечер спиење во него чини 1.800 евра.
До сега, не престојувал ниту еден претседател, но според информациите до кои дојдовме во него престојувале високи гости и ВИП личности.
Во него, освен дневен престој, спална, неколку тоалети поврзани еден со друг, има и просторија која може да послужи како канцеларија, и соба за состаноци.
Со отворањето на хотелот во Скопје, светски познатиот бренд „Хилтон“ кој има стогодишна историја, сега е присутен во 110 земји во светот. Под овој реномиран бренд постојат 5.500 хотели во кои во изминатите 100 години престојувале над 3 милијарди гости.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Отворен барот на покривот на „Хилтон“: Панорамски поглед од кој Скопје изгледа преубаво
(Фото) Колку чини една ноќ во првиот хотел на Хилтон во Македонија