еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Ковачевски и Мицкоски на ифтарска вечера

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа за членовите на Владата и за партиите од коалицијата, како и преставници на Исламската верска заедница и други организации, по повод Рамазанските постови организираше ифтарска вечера.

“Ова се празнични денови кои нè учат сите нас на милосрдие, добрина, давање љубов, грижа и простување кон другите. Со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост се стекнуваме со можност да ја охрабруваме и негуваме нашата заедница. Нека има спокојство, здравје, среќа и бериќет во секое семејство!“, напиша тој на Фејсбук.

На ифтарска вечера беше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

„Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, на ифтар вечера со нашите пријатели. Македонија наша заедничка, за сите луѓе!“, напиша тој на Фејсбук.

Фото: Мицкоски/Ковачевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на годината ќе има бесплатен WiFi на јавни површини

Редакција

Децата кои беа заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче биле запуштени

Редакција

Фактури од 11 увозници на земјоделски производи на дополнителна царинска проверка во Грција, Србија, Турција и Албанија

Редакција