Кавадарци доби ново улично осветлување, еден од последните реализирани проекти на Општината.
Откако со неа раководи Митко Јанчев, градот доживува ренесанса, коментираат неговите жители, во што се увери и екипата на еМагазин, која неодамна го посети градот.
За тоа сведочат направените улици, обележаните пешачки премини со светлосна сигнализација, заштитните столбови за пешаците на тротоарите, уреденото зеленило, еднонасочните улици за избегнување на сообраќаен метеж…
Освен што се грижи за централното градско подрачје, Општината среди и голем дел од инфраструктурата во приградските подрачја и руралните средини. Голем дел од улиците се уште се прават.
„Јас кој што за се мрчам, не можам да му најдам забелешка,“ вели еден граѓанин.
Фото: Фејсбук/Јанчев