еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Ново хит место: Leaf cafe во Градски парк во Скопје

Од минатиот месец Скопје доби уште едно прекрасно кафуле, лоцирано во Градскиот парк во склоп на garden центарот Horti expert.

Она по што Leaf cafe се разликува од поголемиот дел од кафулињата во Скопје е градината, а и самото име Leaf, што преведено од англиски јазик значи лист, укажува дека оваа место полно со дрва и зеленило е идеално за престојните топли денови, велат од кафулето за еМагазин.

Има и детско катче, одлично е и за дневна и ноќна шема, а и pet friendly.

“Leaf cafe е совршено место за оние кои сакаат да го испијат утринското кафе или да поработат во опуштена и релаксирана атмосфера. Наутро, првиот час многу често воопшто не ни пуштаме музика, бидејќи има толку многу птици, кои прекрасно црчорат и е прекрасен начин за започнување на денот.

Местото е одлично и за сите оние кои спортуваат и се рекреаираат на кејот на Вардар, за пауза и освежување, а многумина не посетуваат и попладне, после работа, најчесто опуштајќи се lazy bags, и секако местото е одлично и за вечерно излегување во урбано, а истовремено опуштено место.

За разладување имаме сладолед од Scoop artisan gelato“, велат од Leaf cafe.

Повеќе инфо на Фејсбук или на Инстаграм: leaf_cafe_skopje.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Шампионите во хокеј порачуваат: На Македонија ѝ треба арена за овој спорт

Редакција

Починаа уште 26 лица од Ковид-19, вкупно 2.401

Редакција

Душан Митрев нов генерален директор на Пивара Скопје

Редакција