еМагазин
Image default
Македонија

(Галерија) Реновирани операционите сали на одделението за ортопедија на клиниката за ТОАРИЛУЦ

Од денеска почнуваат со работа реновираните хируршки сали на одделението за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ е направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.

-Имаме и комплетно нова климатизација и вентилација на салите со  комплетна регулација на воздухот. Целосно се регулира и се следи состојбата на сите филтри низ кои поминува и се прочистува воздухот, влажноста на истиот и протокот за да не се појави непријатно струење – рече министерор за здравство Венко Филипче.

Во сето ова се вградени нови оперативни столови и нови светла над нив. Набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема.

Илир Хасани, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, изјави дека обновата на салите е голема инвестиција и најавува дека реконструкциите ќе продолжат додека не се постигнат светски здравствени стандарди.

-Со сите овие чекори покажуваме интенција и залагање за развој на современо и модерно здравство, фокусирано на сите наши пациенти, кои имаат потреба од медицинска помош на ортопедија – посочи  Хасани.

Целото реновирање чини над 30 милиони денари, најголем дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 28 лица од Ковид-19

Редакција

Четворица починати од Ковид-19, кај сите регистриран коморбидитет

Редакција

По „местенката“ на Заев: Руската амбасада не коментира шеги на комичари

Редакција