еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Солзи радосници: Прва трансплантација на црн дроб во Македонија од починат донор

На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор – прва во историјата на македонскотo здравство, информираат од Министерството за здравство.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт, чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

– Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи.

Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.

Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на Град Скопје за набавка на гориво и масла вреден 114.000 евра

Редакција

Жените се повнимателни и поодговорни учесници во сообраќајот

Редакција

(Вознемирувачко видео) Русите првпат ги нападнаа Днипро и Луцк

Редакција