Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.
Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.
На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев, со сопругите, вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, со сопругот, вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, верски заедници…
Фото: Влада/Фејсбук/Шекеринска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик