еМагазин
Image default
Бизнис

Германија, Велика Британија и Грција се наши најголеми трговски партнери

Во периодот јануари – јули 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Изразена во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесува 3.721.772.000 евра и бележи пораст од 14.6 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.832.764.000 евра, што е за 12 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесува 1.110.992.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сме имуни на Брегзит: Владата сака да почне преговари за партнерство и трговски односи со Британија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 македонски компании со помош на Лидл Северна Македонија реализирале извоз во вредност од над 5 милиони евра

Редакција

Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

Редакција

Витаминка ја зголеми добивката во третото тримесечије

Редакција