Лидерите на земјите членки на ЕУ се договорија да ја номинираат сегашната германска министерка за одбрана, Урсула вон дер Лајен за претседателка на Европската Комисија, јави дописничката на МИА.
Сегашниот шпански министер за надворешни работи, Јосеп Борел е номиниран за висок претставник за надворешна политика на ЕУ, поранешната француска министерка за финансии, Кристин Лагард за претстедателка на Европската централна банка, додека пак Шарл Мишел, сегашниот премиер на Белгија е назначен за претседател на Европскиот Совет, потврди Доналд Туск на Твитер.
МИА/Фото: Википедија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.