еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Германски историчар објаснува зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен

Има одредена иронија во тоа што токму Франција претстави проблематичен компромисен предлог. Затоа што со години токму француската влада го кочи прифаќањето на државите од Западен Балкан во ЕУ, ветување кое и онака сѐ повеќе звучи шупливо, вели за Дојче веле, професор д-р Улф Брунбауер, историчар и директор на Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Лајбниц, Германија.

Ви ја пренесуваме неговата анализа:

„Ова и создаде слободен простор на Бугарија да го запре процесот на пристапување на С Македонија со националистички барања и да не мора да плаќа политичка цена на европско ниво за тоа.

Блокадата произлегува од фантомската болка што ги мачи бугарските националисти при помислата на С Македонија, бидејќи С Македонија одбива да го усвои бугарското читање на нејзината историја и идентитет.

Франција сега предложи, С Македонија да ги вклучи Бугарите како конститутивен народ во својата преамбула на Уставот, а напредокот во спроведувањето на Договорот за пријателство од 2017 година да стане дел од Преговарачката рамка. Предлози кои тешко се спроведуваат.

Првото пропаѓа поради немањето мнозинство во парламентот на С Македонија, особено затоа што Франција не бара реципрочен акт од Бугарија, каде македонското малцинство чека официјално признавање со децении.

Вториот би поставил опасен преседан: имено поврзување на билатерален спор, за теми кои не се поврзани со критериумите за членство во ЕУ, со пристапните преговори. Ова би ја отворило вратата за уцена од постојните членки на ЕУ против земјите-кандидати, особено кога националистичките настроени влади поставуваат бизарни историско-политички барања – нешто што тие со задоволство го прават.

На Западниот Балкан му се заканува да стане отпад на европската интеграција. Во конкретниов случај, Бугарија е таа што го торпедира почетокот на преговорите на соседот, а со тоа и на Албанија, бидејќи ЕУ одлучи да преговара или со двете или со ниту една од двете земји.

Тешко е да се разбере користа што Бугарија ја гледа во дестабилизацијата на нејзиниот соседски регион. Во секој случај, Кремљ ќе биде среќен ако националните емоции ги донесат на власт антиевропските десничарски популисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чешка и други ЕУ-членки вознемирени од францускиот предлог, само Бугарија била консултирана, откри чешка аналитичарка

Блага Петреска: Безимен Македонец уште не е виден, така било, така и ќе биде

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алармантно: Инфлацијата во октомври порасна на 19.8%

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

„Ќе се апси ли нешто до октомври или по одмори ќе се иде?„: Твитер реакции за недобивањето датум за преговори со ЕУ

Редакција