еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Германското вештачење за пожарот во тетовска болница готово, се чека преводот на извештајот

Експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија по неколкумесечното вештачење за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година изработиле извештај, кој во петокот е доставен до Јавното Обвинителство.

Според информациите од тетовското обвинителство, извештајот допрва ќе се разгледува и одлучува за понатамошните постапки, а причината за тоа е што е на германски јазик.

– Извештајот е на седум страници и на германски јазик. Денеска е дадена наредба да се направи превод на извештајот. Кога ќе биде завршен преводот и кога ќе го добиеме ќе одржиме колегиум ние петте обвинители кои го водиме случајот за да утврдиме што понатаму и дали ќе се објавуваат делови за јавноста, изјави за МИА, Бесир Алиу, основен јавен обвинител во Основно јавно обвинителство (ОЈО) Тетово.

Пожарот, во кој животите ги загубија 14 лица, како што објави Обвинителството во октомври лани според вештачењето на МВР настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром, Карпош и Центар со најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје

Редакција

Нови 416 случаи на Ковид-19 од 2.705 тестирања

Редакција

Почнуваат велигденските празнувања: Денес се слави одржувањето на Тајната вечера

Редакција