еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани

Главните патишта на северот на Косово се уште се блокирани, а ниту пеш не може да се поминат административните премини Јариње и Брњак, пренесе Бета.

Како што јави РТС, Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ се уште се на барикадите, а северот на Косово исто така е блокиран од полицијата.

Пантиќ беше уапсен неколку дена претходно, а косовската полиција го сомничи за „терористички напад врз просториите на Централната изборна комисија (ЦИК)“ и косовската полиција пред одржувањето на изборите во четири општини на северот на Косово, а во понеделникот притворот му е продолжен на 30 дена.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ најави дека Владата на Србија в четврток ќе испрати официјално барање до Меѓународната мировна мисија на Косово (КФОР) за враќање на до 1.000 српски полицајци и војници на Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ги одложи изборите во четири општини на северот на Косово за 23 април.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ги повикаа двете страни во понеделник да се воздржат од какво било насилство или провокативни дејства, а претставникот на Унијата, Мирослав Лајчак в среда ќе пристигне во Белград и Приштина со ажуриран мировен план, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анексијата финализирана: Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија

Редакција

Владата донесе одлука: Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Редакција

Почна штрајкот во училиштата и градинките

Редакција