еМагазин
Image default
Локално

Го фатиле со тутун без платена акциза

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б од Кривичниот законик, информира МВР.

На 01.07.2019 година, при контрола на патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле и одзеле 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA“ и 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE TOBACCO VIRGINIA“, или вкупно 120 килограми сецкан тутун без контролни марки.

„На тој начин пријавениот избегнал плаќање на акциза на која е обврзан со Законот за акцизите“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекината свадба со 300 гости во струмичко, кривична за три лица

Редакција

Прилепчанка загина откако на тротинет била удрена со возило

Редакција

Арачиновец нападнал полицаец сред полициска станица

Редакција