Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска е уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде престојуваше седум години, откако му беше даден азил во 2012 година.
На Асанж сега му се заканува екстрадиција во САД.
Апсењето на Асанж денеска е топ вест во светот, а не помина незабележливо и кај македонските твитерџии.
Ви пренесуваме дел од реакциите:
Асанж дефинитвно повеќе искача од мене.
— Chlamydia (@Schiffer_PG14) April 11, 2019
Сега песните на Асанж поише ќе му бидат слушани..
— Pezevenk Nizaeden (@olabaven) April 11, 2019
ова со асанж ко да исфрли либерал ѓубре на брег, не?
— Jasna Koteska (@JasnaKoteska) April 11, 2019
Асанж дека е во затвор е само уште една неправда. Дека на луѓето не им се јасни придобивките од Викиликс и нивното значење е целосен пораз.
— Дамјан Јаневски (@miopa_) April 11, 2019
no worries mate, everything's gonna be alright 👍 pic.twitter.com/fcdC6IAJpD
— играч на натпреварот (@konjunktura) April 11, 2019
Асанж го уапсиле!
-Аматеу. pic.twitter.com/mbSSpMVZ6V— Стојко Мојов (@StojkoMojov) April 11, 2019
На истиот ден кога е уапсен Асанж, паѓа од власт суданскиот диктатор Омар Башир.
Токму претечените информации преку Викиликс за украдените пари на Башир (околу 9 милјарди долари) имаа клучна улога во неговиот пад. https://t.co/R3zGArJWzm— Ivor Mickovski (@nezenzabar) April 11, 2019
Кoлку тажно и ужасно за Асанж, а колку срамно за развиените западни демократии и за нивното поимање на слободата на изразот. Современиот свет, се чини, нема право на Вистина. Иако Вистината е Јавна Тајна.
— Katica Kulavkova (@kkulavkova) April 11, 2019
Го уапсија Асанж за да го одвлечат вниманието од изборите во Македонија.
— Шишарка (@Shisharka_) April 11, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По апсењето на Асанж: Што објави „Викиликс“ за Црвенковски, Груевски, Глигоров, Димитров…
(ВИДЕО) Во Лондон уапсен основачот на Викиликс, Џулијан Асанж