еМагазин
Балкан

Голем шумски пожар на Халкидики, во непрооден дел во областа Мола Калива

Голем шумски пожар избувна утрово во непрооден дел во областа Мола Калива кај Касандра на првиот крак на Халкидики, а во тек се напори огнените јазици да се стават под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четири авиони, а помагаат волонтери и цистерни од општините.

Според локалните медиуми, силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.

МИА/Фото: Халкидики њус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција

Редакција

Во отпадните води во Солун откриено присуство на геноми на корона вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Фатен моментот како паѓа карпа на Навагио на Закинтос, една од најпознатите плажи во светот

Редакција