еМагазин
Image default
Бизнис

Голем скок: Просечната нето плата во јануари 27.540 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава изнесува 27.540 денари и во однос на истиот месец лани бележи раст од 12,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,7 проценти), Уметност, забава и рекреација (18,1 процент) и Транспорт и складирање (16,4  проценти).

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен во јануари годинава споредено со декември лани е регистрирано, исто така, во Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,6 проценти), Транспорт и складирање (12,9 проценти), како и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (9 проценти).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кој сектор е највисоката просечна бруто плата во јуни

Редакција

Што предвидува Бизнис-планот на Алкалоид за 2024 година

Редакција

И покрај убавото време, Охрид се празни

Редакција