Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на својот Фејсбук објави дека излегле резултатите од клиничката студија во фаза 3 на руската вакцина Sputnik V во реномираното списание The Lancet.
„Вакцината е базирана на аденовирусна векторска технологија, слично како вакцините на AstraZeneca и Janssen Pharmaceuticals.
Резултатите изгледаат ОДЛИЧНО! Ефикасноста на вакцината е 91.6% во рок од 21 ден после примањето на првата доза. Далеку подобра од таа на AstraZeneca и Janssen Pharmaceuticals.
Ова значи дека дури и една доза од вакцината води до значајна (и можеби и доволна) заштита кај најголем дел од луѓето против Ковид-19, во сите старосни граници.
Ете уште еден кандидат којшто треба да биде одобрен за употреба во Македонија најбрзо што може,“ пишува тој.
Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash