еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 81, а Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 83,5 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и ќе се продава за 71 денар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 70 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се зголемува малопродажната цена Мазутот М-1 НС  и ќе чини 41,437 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,666 отсто, кај дизелот за 6,122 и кај екстра лесното масло за 6,12 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,865 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,064 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот Михајловски за личната битка со корона вирусот и за загубата на татко му: Остава пустош зад себе

Редакција

Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката во сите сегменти за 10 години, вели шеф на јапонска корпорација

Редакција

(Видео) 49-годишна жена загинала во сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце

Редакција