Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1 денар, а дизелот (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 78,50 денари, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 80,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,50, а дизелот за 69 денари за литар.
За 0,551 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,433 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.