еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 59,5 денари, на еуросупер БС-98 ќе биде 61,5 денари, на еуродизелот (Д-Е V) – 50,5 денари и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,895 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,863 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 2,145 отсто и кај дизелот за околу 5,395 отсто, како и за 0,616 отсто повисокиот курсот за денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мирување протестот во Пошта, постигнат договор за платите

Редакција

Канадска „Магна“ по инвестицијата во Струга, почна со изградба на нова фабрика во Штип

Редакција

Европска комисија: Македонската економија годинава ќе порасне за 2,1%, главен ризик можната политичка нестабилност

Редакција