еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Граѓаните на Химара го избраа за градоначалник грчкиот кандидат кој заврши во притвор и ги скара Албанија и Грција

Кандидатот на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме” за градоначалник на Химара, Фреди Белери (предлог на партијата на Грците) кој е во притвор, поради сомнение за купување гласови, ја доби довербата на гласачите.

За него гласале 50,12 отсто од излезените гласачи, наспроти кандидатот на Социјалистичката партија, Јорго Горо кој доби 49,98 отсто од гласовите.

Берели од затвор на социјалните мрежи напиша “денес нема губитници, победници се сите граѓани на Химара”.

Беше уапсен на 12 мај на полноќ  под обвинение за „активна корупција на избори извршени во соработка“ а во реакцијата уште додава дека „победи демократијата! Химара победи!“.

– Благодарност до сите што покажаа храброст. Ги разбирам сите оние кои тероризмот се обиде да ги потчини. Денеска нема губитници,  туку победници се сите граѓани на Химара, а јас сум нивниот градоначалник, пишува Белери, пренесува АТА.

Порачува дека како прв меѓу еднаквите “заедно ќе напредуваме за да станеме уште посилни во одбраната на демократијата и човековите права“.

Апсењето во неговото кафуле во Химара, гратче главно населено со припадници на грчката заедница, во четвртокот на полноќ и изречената мерка притвор во петокот, од страна на судот во Валона ја вжешти политичката клима во земјата, а силни реакции имаше од Грција.

На предупредувањата дека овој случај ќе го загрози европскиот пат кон ЕУ, поради “непочитување на правата на Грците во Албанија” официјална Тирана и порача на Атина “да не се меша во нејзините внатрешни работи”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тензијата меѓу Албанија и Грција расте: Тирана побара да се почитуваат нејзините институции по апсењето на грчки кандидат за градоначалник

Грција гневна оти во Албанија пред утрешните избори е уапсен кандидат за градоначалник на грчката заедница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За само еден ден 100 смртни случаеви: Коронавирусот веќе усмрти над 1.000 лица

Редакција

Победата на Пендаровски честитка за сопругата: Првата дама денеска слави роденден

Редакција

(Видео) Приврзаниците на про-руската партија „Преродба“ го гаѓаа бугарскиот премиер Петков со снежни топки

Редакција