еМагазин
Image default
Локално

Грабеж во експозитура на НЛБ Банка во Сарај

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници, информираат од банката.

„Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Средствата на клиентите се сигурни, бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од НЛБ во Сарај биле украдени 115.000 евра, банката ќе продолжи со работа во среда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото кој ја претепа двегодишната ќерка до смрт доби 30-дневен притвор

Редакција

Повредени две девојки од Куманово откако со возило удриле во канделабра во Охрид

Редакција

По една недела најдено телото на момчето кое исчезна во водите на браната кај Дрвош

Редакција