Град Скопје преку соопштение информира дека автобусите на ЈСП Скопје редовно сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 и го повика приватниот превозник „Слобода превоз“ да ги извршува своите договорни обврски.
-Апелираме до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста ги пласираат разни политички групации. Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.
Приватниот превозник „Слобода превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес, стои во соопштението од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници.
Приватниот превозник „Слобода превоз“, вчера соопшти дека нивните автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, денеска нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата.
Поради заостанат долг, неодамна не возеа ниту автобусите на приватниот превозник „Макеспрес“ со кого Град Скопје го раскина договорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приватните автобуси на „Слобода превоз“ утре нема да сообраќаат поради долг од ЈСП „Скопје“
МИА